Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Промени во градскиот превоз: ЈСП Скопје промовира нов начин на плаќање на билет

Gladiator 29/10/2024

Од понеделник, 28 октомври 2024 година, во Скопје е воведен нов начин на плаќање на билети за градскиот превоз преку повикување на бројот 185 или преку новата мобилна апликација „Skopjebus“. Овој систем овозможува патниците да купат билет за едно возење брзо и лесно, без промена во цената на билетот, која останува 40 денари, со вклучен ДДВ.

ЈСП „Скопје“ објави како ќе функционира новиот систем во автобусите од јавниот градски превоз во главниот град.

„За да купите билет, доволно е да го завртите бројот 185 од вашиот мобилен телефон. По поврзувањето, ќе слушнете „бип“ сигнал и автоматска порака која потврдува: ‘Купивте билет за едно возење со цена од 40 денари во HH’. Телефонот не треба да се приближува до валидаторот за време на повикот.Наплатата се врши веднаш по повикувањето и по добивањето на ‘бип’ сигналот, без оглед на тоа дали целосно сте ја преслушале пораката.По завршување на процесот, ќе добиете СМС порака која ќе содржи информација за времето и цената на купениот билет“, се вели во нивното соопштение.

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:

„Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“

„Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор“

„Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна“

„Трансакцијата е неуспешна поради технички причини“

„Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга“

ЈСП Скопје ги информира корисниците на услугите на претпријатието дека функционирањето на старата мобилна апликација „Skopska“ ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација „Skopjebus“.

Tags: билети ЈСП Скопје

Continue Reading

Previous: Масовна тепачка во Скопје – шест лица од 22 до 69 години се тепале поради бизарна причина
Next: Три жени кршеле во угостителски објект, па ги нападнале и сопствениците

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.