Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити

Gladiator 01/06/2025

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно јавно се осврна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, користејќи остар тон и директни обвинувања. Во својата најнова објава на социјалните мрежи, Арсовска го обвини Мицкоски дека молчи и не презема ништо во врска со, како што рече, „незаконитите постапки“ на високи функционери како Изет Меџити и Висар Ганиу.

„’Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче.

На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш.

Сила покажување на жена, наместо кај криминалци.

Што значи тоа “ќе видиш ти”? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или ќе пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате. Што и да направиш сите ќе знаат дека е од тебе и дека е во функција на заштита на криминалот на ВЛЕН, Изет Меџити и Висар Ганиу!!

И престанете со приказната за “дестабилизација”, никој не верува на тоа. Ви се дестабилизира сѐ на вас кога немате одговор за криминалот. Кога ќе ве фатат со рачињата во медот. Тогаш е дестабилизација.

Мицкоски, кога мафташе со наводниот фалсификат за “Пулс” за 15 минути постапи МВР. Две недели презентирам документи за флагрантен криминал, а полицијата не смее да прими пријава од мене. Ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува.

Срам сте вие, не гордост“, објави Арсовска.

Tags: Данела Арсовска Христијан Мицкоски

Continue Reading

Previous: Ивановски со нов рекорд до прво место на „Охрид ТрчаТ“
Next: Антонија има 14 години и по семеен рецепт прави вкусно сирење

Слична содржина

Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија

Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија

06/09/2025
Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија

Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија

06/09/2025
Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот

Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот

06/09/2025

Најново

  • Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија
  • Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија
  • Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот
  • (Видео) Османи дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје
  • (Видео) Искусен сурфер го загуби животот по напад од ајкула

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија

Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија

06/09/2025
Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија

Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија

06/09/2025
Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот

Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот

06/09/2025
(Видео) Османи дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

(Видео) Османи дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

06/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Василија ги освои срцата на фановите: Родена сум во Ќустендил, но срцето ме тера кон Македонија
  • Ѓорческа со пресврт ја освои титулата во Романија
  • Македонска сензација во Швајцарија: Андреј освои златен медал на Г1-турнирот
  • (Видео) Османи дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје
  • (Видео) Искусен сурфер го загуби животот по напад од ајкула

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.