Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Доналд Трамп Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Арсовска е уценета и врзана – со морков и со стап“, велат од владејачката партија

Gladiator 01/06/2025

Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ѝ одговори на градоначалничката Данела Арсовска, за која посочи дека била уценета и врзана. Во продолжение следи нивното соопштение.

„Кога Данела Арсовска ќе го нападне Христијан Мицкоски, тоа е по нарачка на СДС и Али Ахмети. Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина.

Данела Арсовска е главниот инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ. Таа е уценета и врзана – со морков и со стап. Преку бизнис интереси, преку лични слабости, преку емотивни врски и релации, ДУИ ја држи целосно под контрола. Секој што имал средба со неа гледа дека нешто не е во ред, дека жената има внатрешен немир, лична конфузија и политичка дезориентација. Арсовска одамна не одлучува сама – таа е само гласноговорник на интересите на СДС и на Ахмети, а неволно или свесно, соработник на криминалот кој го притиска Скопје.

Додека таа, со залутан и празен поглед – веројатно резултат на емоции и нарачки темелени врз уцени и лични слабости – напаѓа и скока во јавноста барајќи внимание кое, наместо да го добива за проекти и резултати, го бара секогаш кога сме пред избори, и тоа преку дрски и невоспитани напади кон ВМРО-ДПМНЕ, без да изусти збор за ДУИ и СДС, можеме само да констатираме дека ваквиот недоличен однос зборува најмногу за неа – и за друштвото со кое редовно се среќава по скопски Сарај и со кое сè почесто патува. Жалиме за тоа што ѝ се случува, и ќе издржиме уште неколку месеци сите ние како граѓани во овој политички театар што ни го приредува. А потоа, кога ќе ѝ заврши „употребната вредност“ за оние што сега ја командуваат, само ќе ѝ посакаме среќа во емотивните разрешници.

Штета е што во овие 3,5 години, жената се разбудила од емоционалната сенка само трипати. И секој пат – пред избори. И секој пат – против ВМРО.

Жално е, но уште пожално е изгубеното време за Скопје и за Македонија. Време кое ќе го надокнадиме по локалните избори – со нова енергија, со силни реформи, со проекти што се гледаат и со работа што ќе се почувствува. Скопје ќе добие шанса за нов почеток, откако ќе си замине срамот што денес го претставува.

Нејзините лажни пријави не можат да ја сокријат вистината,  дека со нејзин потпис се вршеа милионски криминали, дека се потпишуваа договори со сомнителни фирми, дека се спроведуваше политичка одмазда врз вработените, а улиците на главниот град беа претворени во дупки и руини.

Скопје ќе се врати на скопјани. Без ДУИ, без Ахмети, без лажните политичари од Сарај. И без Данела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска

Continue Reading

Previous: Необична прослава на матура: Професори на неверојатен начин ги изненадија учениците (Видео)
Next: Тргнал кон Грција и веднаш зажалил: Останал без 1.000 евра, а одморот уште не ни почнал

Слична содржина

Тргнал кон Грција и веднаш зажалил: Останал без 1.000 евра, а одморот уште не ни почнал

Тргнал кон Грција и веднаш зажалил: Останал без 1.000 евра, а одморот уште не ни почнал

04/06/2025
Необична прослава на матура: Професори на неверојатен начин ги изненадија учениците (Видео)

Необична прослава на матура: Професори на неверојатен начин ги изненадија учениците (Видео)

23/05/2025
(Фото) Херојот Јован блесна за матурата

(Фото) Херојот Јован блесна за матурата

18/05/2025

Најново

  • „Ако има раст на платите тешко ќе се намали инфлацијата“, вели Димитриеска Кочоска
  • Србин спаси Македонец од давење на плажа во Грција
  • Хрватска ќе воведе задолжителен воен рок – плата до 1.100 евра
  • Во тек предистражна постапка за дивоградбите во Чаир
  • Села: Една изборна единица ќе биде на штета на Албанците, за нас се прифатливи само 8 изборни единици

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Ако има раст на платите тешко ќе се намали инфлацијата“, вели Димитриеска Кочоска

„Ако има раст на платите тешко ќе се намали инфлацијата“, вели Димитриеска Кочоска

04/06/2025
Србин спаси Македонец од давење на плажа во Грција

Србин спаси Македонец од давење на плажа во Грција

04/06/2025
Хрватска ќе воведе задолжителен воен рок – плата до 1.100 евра

Хрватска ќе воведе задолжителен воен рок – плата до 1.100 евра

04/06/2025
Во тек предистражна постапка за дивоградбите во Чаир

Во тек предистражна постапка за дивоградбите во Чаир

04/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Ако има раст на платите тешко ќе се намали инфлацијата“, вели Димитриеска Кочоска
  • Србин спаси Македонец од давење на плажа во Грција
  • Хрватска ќе воведе задолжителен воен рок – плата до 1.100 евра
  • Во тек предистражна постапка за дивоградбите во Чаир
  • Села: Една изборна единица ќе биде на штета на Албанците, за нас се прифатливи само 8 изборни единици

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.