
Фото: Принтскрин
Граѓаните на Скопје, Прилеп, Кочани, Гевгелија, Штип, Куманово и други населени места се разбудија во темница, откако околу 5 часот утрово дошло до неочекуван прекин во снабдувањето со електрична енергија. Социјалните мрежи беа преплавени со реакции, каде граѓаните го изразија своето незадоволство и бараа одговори за настанатата ситуација.
Иако засега нема официјални детали, неофицијални извори упатуваат дека се работи за сериозен, можеби и системски дефект што го нарушил нормалното функционирање на преносната мрежа.
АД МЕПСО утрово се огласи со кратко соопштение во кое потврдија дека имало дефект и прекин во дел од 110 kV преносната мрежа, но уверуваат дека надлежните тимови веќе работат на стабилизирање на системот.
„Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, велат од МЕПСО.