Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски автобус белград грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мицкоски: Менувавме знаме и име, нема да отвориме Устав додека не видиме добра волја од Бугарија

Gladiator 15/05/2025

Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, упати критички осврт кон досегашниот тек на евроинтеграцискиот процес на Македонија, нагласувајќи дека земјата досега направила значителни и болни отстапки во име на европската иднина, но дека конкретен напредок сè уште изостанува.

„Очекувам да видиме процес кој ќе се одвива како двонасочна улица – ако е тоа воопшто возможно. Македонија направи многу во име на европските интеграции – го сменивме знамето, го сменивме името, го менувавме и Уставот, како ниедна друга држава. Патот кон ЕУ е тежок и фрустрирачки, но за нас тој пат сè уште не започнал во вистинска смисла. Сè уште сме таму каде што бевме пред две децении“, рече Мицкоски.

Претседателот Кошта, одговарајќи на прашање околу можноста за нови услови од Бугарија, повтори дека Европската Унија останува на ставот дека нема простор за нови барања. „Она што е договорено – тоа треба да се исполни. Веќе нема простор за дополнителни услови. Сега е моментот да се испорача договореното“, порача Кошта.

Мицкоски во своето обраќање се осврна и на самиот процес на прифаќање на францускиот предлог во 2022 година, кој, како што рече, бил усвоен од тогашната влада предводена од СДСМ и ДУИ, при што бил заобиколен Парламентот.

„Тој предлог беше прифатен без демократска дебата и без вклучување на Собранието, каде што за уставни измени се потребни две третини. Нашата позиција е принципиелна – нема да одиме понатаму без да видиме искрена волја и конкретна испорака од бугарска страна. Не можеме ние постојано да правиме чекори, да менуваме Устав, а од другата страна да нема ништо“, истакна Мицкоски.

Tags: Бугарија Европска Унија Македонија христијан мицкоски

Continue Reading

Previous: Горивата повторно поскапуваат од полноќ
Next: Инцидент меѓу пратеници: Ристески се заканувал, па Апасиев го гаѓал со филџани (Фото)

Слична содржина

Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен

Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен

01/07/2025
Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени

Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени

01/07/2025
Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви

Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви

01/07/2025

Најново

  • Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен
  • Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени
  • Кос: Вашиот идентитет се манастирите, пинџурот, полнетите пиперки и тоа никој не може да ви го одземе
  • Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви
  • Уапсен маж кој си ја истепал сопругата во ноќен клуб

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен

Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен

01/07/2025
Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени

Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени

01/07/2025
Кос: Вашиот идентитет се манастирите, пинџурот, полнетите пиперки и тоа никој не може да ви го одземе

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, пинџурот, полнетите пиперки и тоа никој не може да ви го одземе

01/07/2025
Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви

Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви

01/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Мицкоски: Идентитетот не е тавче – гравче, сменивме и знаме и име и јас би бил внимателен
  • Мицкоски: Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени
  • Кос: Вашиот идентитет се манастирите, пинџурот, полнетите пиперки и тоа никој не може да ви го одземе
  • Тошковски најави: Воведуваме промени на Богородица – повеќе нема да има гужви
  • Уапсен маж кој си ја истепал сопругата во ноќен клуб

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.