Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Утре протест кај Универзална за Фросина: Ова е плукање врз нашата болка, судот по втор пат ја уби

Gladiator 13/05/2025

Фото: Принтскрин

Судот денеска изрече казна од 12 години за возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова.

Нејзината сестра Росица Кулакова за утре од 17 часот најави протест кај Универзална сала, по што ќе продолжат кон судот.

„Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина.

Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртвите завршуваат во правни архиви.

Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е “спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб.

Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа

Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете

Срам да ви е!

Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

📍Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.

Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста“, објави Росица.

Tags: Васил Јованов Фросина Кулакова

Continue Reading

Previous: Адвокатот на Васил Јованов: Казната е превисока!
Next: Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.