
Фото: Принтскрин
На Железничката станица во Скопје денеска се случи несекојдневен инцидент што го привлече вниманието на минувачите.
Еден такси возач, револтиран поради тоа што му било констатирано непрописно паркирање, се искачи на покривот од своето возило во обид да го спречи службата за подигање на возила „пајак-служба“ да го однесе автомобилот.