
Фото: Принтскрин
Вирално видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи предизвика згрозеност кај многу корисници, а главната причина за тоа е непримерното однесување на еден младоженец кој арогантно ѝ залепи торта на лицето на невестата, уништувајќи ѝ ја венчаницата и нејзиниот изглед на големиот ден.
Иако на многу свадби постои обичај невестата и младоженецот нежно да си подаваат парче торта, во овој случај работите излегоа од контрола.
Видеото покажува како за време на сечењето на свадбената торта, додека фотографите и гостите се обидуваат да го забележат секој момент, младоженецот грубо ѝ ја турка главата на невестата во тортата.