Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Кочани се буди: Време е за нов почеток – со љубов и чест (Фото)

Gladiator 22/04/2025

Фото: Кочани

На профилот на „Кочани“ по трагичната несреќа во која загинаа 62 лица беше објавена порака за обединување, заедништво и изградба на посовесно општество.

„Да го изградиме Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Им должиме.

Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од се: почнавме да веруваме дека така треба да биде.

Системот што не уби не е само политика. Тоа е начинот на кој живееме, начинот на кој прифаќаме, начинот на кој молчиме. Тоа сме ние кога премолчуваме неправда, кога гледаме само партија, а не човек, кога прифаќаме дека на функција треба да биде „некој наш“, наместо некој способен. Овој трул систем живее преку нас. И само ние можеме да го срушиме.

Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани.

Трагедијата што ни ги одзеде 62 млади животи не направи разлика меѓу „нашите“ и „нивните“. Смртта не праша кој за кого гласал. Злото не го познава партискиот билтен. И токму затоа, оваа болка мора да не обедини. Ако не сега кога?

Овие деца беа нашите деца. На градот. На улиците низ кои оделе, парковите во кои се смееле, училиштата во кои сонуваа. И сега, наш е долгот да не дозволиме да бидат заборавени. Љубовта кон нив и споменот за нив треба да го негуваме сите заеднички. Со дела. Со грижа за нивната генерација, за секое дете што расте во овој град. Да им создадеме безбедна и вредна иднина затоа што така се чува спомен, така се враќа достоинство.

Кочани нема да го спаси ниту еден градоначалник сам. Но имаме можност првпат по долго време со човек кој не е залепен за никаква политичка позадина, со млад и борбен независен градоначалник кој искрено сака подобро. Тоа е шанса. Но ни тој не може сам. Му треба нашата поддршка не со слепа послушност, туку со активна, искрена, граѓанска енергија. Да му помогнеме, не затоа што ни кажала партијата, туку затоа што го чувствуваме како еден од нас. Затоа што Кочани му припаѓа на граѓаните а не на партиските штабови.

И мора веднаш да почнеме. Секоја зграда, секое маало може да стане пример. Да се поврземе меѓу себе не за политика, туку за дела. Да се создадат иницијативи по маала, да се организираат заеднички акции: чистење на запуштени површини, обновување на клупи, детски игралишта, средување на трошни ѕидови со мурали од надеж и сеќавање. Можеме да поставиме корпи за отпад каде што недостасуваат, да иницираме поставување лежечки полицајци кај што е опасно, да обезбедиме видливост на пешачките премини. Малку по малку, чекор по чекор да си го земеме градот назад.

Да, ќе речат има институции за тоа. И точно е, треба да има. Но не смееме да се лажеме моментално, тие институции се нефункционални или бавно реагираат. Затоа, наместо да чекаме, ајде сите заедно да се погрижиме за она што можеме: за чистотата, за отпадот, за редот во нашите маала, улици, паркови. Тоа не бара политичка моќ, туку совест и волја. А градоначалникот, кој е независен и искрено посветен, нека ја води борбата за крупните проекти но со наша поддршка. Секој со својот дел. Така се гради град со заедништво.

Да се покренат граѓански собири на отворено, каде секој ќе може да предложи идеја. Да се создадат мрежи на маалски координатори што ќе комуницираат со општината. Ако институциите не се движат доволно брзо ние ќе ги турнеме напред.

Да се активираат средношколци и млади за волонтерски акции за солидарност, за почит, за живот. Да се создаде колективна свест дека градот е наш и од нас зависи. Да не чекаме да дојде некој да ни ги реши проблем. Ние сме тие. Ние сме промената.

Да изградиме култура на грижа. Да се откажеме од навиките што не чинат. Да престанеме да фрламе ѓубре, да паркираме по тротоари, да се однесуваме како градот да е туѓ. Не е туѓ. Наш е. И ќе биде таков каков што ќе го направиме.

Партиите нема да ни го вратат достоинството. Ни треба нова политичка култура, нова свест, нова енергија. Онаа што ќе не научи да мислиме, да делуваме, да не се плашиме. Зашто вистинскиот систем сме ние. И од нас почнува крајот на старата приказна и почетокот на новата.

Наш став и наше видувања на реалните случувања во Кочани“, се вели во објавата.

Tags: дискотека Кочани пулс

Continue Reading

Previous: (Фото) Уништен крстот и расфрлани икони на Велигден на планината Ртањ
Next: „Боли секој нов ден, боли овој Велигден“: Тажна порака на сопругата на музичарот од ДНК

Слична содржина

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

07/06/2025
„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

07/06/2025
(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

07/06/2025

Најново

  • Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем
  • „Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска
  • (Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани
  • (Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење
  • По шест месеци во бегство, Артан Груби се јави на Фејсбук

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

07/06/2025
„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

07/06/2025
(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

07/06/2025
(Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење

(Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење

07/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем
  • „Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска
  • (Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани
  • (Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење
  • По шест месеци во бегство, Артан Груби се јави на Фејсбук

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.