
Фото: Принтскрин
На патниот правец Кичево – Гостивар се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица, а уште осум се здобија со телесни повреди од различен степен. Во несреќата биле вклучени три патнички возила.
На самото место интервенираа екипи од Министерството за внатрешни работи, како и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.
Спроведен е детален увид, при што се прибрани материјални докази кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа и вештачење со цел да се утврдат точните околности и причините кои довеле до несреќата.