Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Пензионери и студенти ќе можат да работат без да ги загубат бенефициите

Gladiator 16/04/2025

Фото: Besar Durmishi

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на јавната расправа што се одржа во Собранието, го претстави Предлог-законот за работно ангажирање на лица, кој има за цел да понуди нови решенија за регулирање на повремената и сезонска работа.

Како што истакна министерот, овој закон претставува дел од пошироките напори на Министерството за економија и труд за сузбивање на сивата економија и зголемување на социјалната сигурност на работниците. Законските измени се насочени и кон спречување на иселувањето на младите, преку создавање на флексибилни, но и законски регулирани можности за вработување.

Министерот Дурмиши нагласи дека предложените решенија ќе им овозможат на македонските компании полесен и формализиран пристап до работна сила, особено во дејности каде што сезонската работа е честа појава. Законот предвидува поедноставена процедура за ангажирање работници на повремени или сезонски работни позиции, со што се олеснува административниот товар како за работодавачите, така и за работниците.

Дополнително, предлог-законот предвидува можност за вклучување на различни категории граѓани – лица со старосна или семејна пензија, редовни студенти, приматели на социјална и детска заштита, како и невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување. Она што е особено значајно е што нивното ангажирање нема да влијае врз постоечките права и бенефиции што ги уживаат – како што се правото на паричен надомест, статусот на студент, социјална сигурност и други.

Tags: Бесар Дурмиши Собрание

Continue Reading

Previous: Поткуп во Албанија – за еден глас на избори се плаќа 500 евра
Next: Бајден го нападна Трамп: Прво пука, па потоа нишани (Видео)

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.