
Фото: Принтскрин
Во Кочани се одржа вториот протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“, организиран од семејствата на трагично загинатите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“.
Во таа страшна несреќа, животот го загубија 61 млад човек, а уште околу 200 лица беа повредени.
Маршот обедини илјадници граѓани од Кочани и околината, кои со достоинствена тишина, тага во очите и солзи на лицата им оддадоа почит на жртвите.
Со транспаренти на кои пишуваше „Нашите ангели заслужуваат правда“, родителите и најблиските на настраданите упатија јасна порака – бараат целосно расчистување на случајот и одговорност.