
Претседателот на политичката партија Левица и пратеник во македонското собрание Димитар Апасиев преку објава на својот профил на „Фејсбук“ соопшти дека донирал половина од својата пратеничка плата за месец март како помош за девојче кое ја преживеа неодамнешната трагедија во Кочани.
„Како што јавно ветивме, половина од МАРТОВСКАТА ПЛАТА денес ја донирав на преживеано девојче од пожарот во Кочани“, објави Апасиев.