
Во кобната ноќ, кога трагедијата ги потресе сите, двајца припадници на Армијата на Република Македонија од селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, покажаа што значи вистинска храброст и човечност.
Иако не биле дежурни, ниту дел од тимот задолжен за интервенција, тие не се двоумеле ни миг – веднаш се упатиле да помогнат, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат туѓи.
Во хаосот и болката, меѓу повредените и починатите, ги затекнала уште поголема трагедија – меѓу жртвите ги пронашле и своите другари.