На 3 април 2025 година, во 17:30 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во дворот на едно основно училиште во скопската општина Бит Пазар. Според пријавата, малолетник бил физички нападнат од група ученици од истото училиште.
Надлежните институции веднаш започнаа истрага за утврдување на околностите и мотивите зад нападот.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.
