
Скопската зоолошка градина сподели прекрасна вест со љубителите на животните – во нивното семејство пристигнаа нови членови!
Како што информираат од ЗОО Скопје, три млади мајмунчиња од видот патаси се најновите жители во градината. Овој вид на мајмуни е познат како најбрзиот примат во светот, бидејќи може да достигне брзина и до 55 километри на час.