Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Филипче: Трагедијата во Кочани ги покажа пропустите во системот

Gladiator 02/04/2025

Трагичниот настан во Кочани предизвика бурни реакции кај граѓаните, изразени преку револт, а на некои места и отворен бес. Ваквата реакција, според многумина, е целосно оправдана, бидејќи повеќедецениските реформи и транзициони процеси очигледно не ги исполнија очекувањата на јавноста.

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја истакна токму оваа загриженост, нагласувајќи дека е неопходно да се извлечат поуки и да се преземат конкретни чекори за подобрување на состојбите.

„Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии.

Слушајќи го овој аларм и барање на граѓаните, слушајќи го и алармот што го покренуваат и  компаниите и бизнисите, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички дијалог, би рекол и општествен дијалог во којшто ќе се вклучат сите политички патии и други чинители во општеството. Да се изготват стратешки документи, ќе се направи стратегија а врз основа на која државата ќе функционира во следните повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении. Многу повеќе од мандатот на која било влада и било која парија или коалиција да ја води таа влада бидејќи очигледно е дека во одредени области мораме да знаеме на кад одиме.

Во таа смисла, ќе напомнам неколку области во коишто сметам дека е многу битно да се комуницира и да се направи еден ваков пристап. Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати.

Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата.

Понатаму правосудното, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

Понатаму, заслужуваме да живееме во чиста животна средина да дишеме, а не загаден, токсичен воздух. Македонија има огромни природни богатства мора да најдеме начин да ги заштитиме и да ја исчистиме животната средина.

И последната работа, тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа  партизацијата и  политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво.

Во таа смисла, добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии. Може за почеток на парламентарните партии. Ги видов реакциите, го видов и одговорот на премиерот и би му го образложил овој план и подетално на средба во следните денови.

Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во кочани на површина извади многу системски пропути и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата“, изјави Филипче.

Tags: венко филипче кочани трагедија

Continue Reading

Previous: Протест на ССМ: Работниците бараат минимална плата од 30.000 денари
Next: (Фото) Градоначалникот на Гази Баба донираше клима уреди на Брзата помош

Слична содржина

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025
Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

20/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.