
Сериозна сообраќајна несреќа се случила вечерва во Кавадарци, при што, според првичните информации, има лица кои се здобиле со тешки повреди. Несреќата се случила кога возилото, од засега непознати причини, излетало од патот и удрило во бандера, објави „Скопје1“.
Полицијата веднаш излегла на терен и извршила увид, а причините и околностите под кои дошло до незгодата сè уште се предмет на истрага. Дополнителни информации за состојбата на повредените и деталите околу несреќата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Извор+Фото: Скопје1