
Фото: Принтскрин
Неколку лица, идентификувани како политички активисти поврзани со српски движења и невладини организации, биле приведени во Скопје под сомнение дека имале намера да предизвикаат немири и да ја искористат трагедијата во Кочани за дестабилизација на состојбата, објавува српскиот портал „Б92“, повикувајќи се на безбедносни извори.
Според информациите, уапсените имале задача да обучуваат локални активисти за организирање на инциденти, блокади и граѓанска непослушност, следејќи го моделот на слични настани одржани во Белград во претходниот период. Намерата, наводно, била да се искористи емотивната состојба на јавноста и вниманието насочено кон трагедијата, за да се иницираат протести со политичка позадина.
„Во моменти кога целата држава е во жалост и институциите вложуваат напори за помош на повредените и нивните семејства, обидите за манипулација и поттикнување на немири се оценети како крајно недолични и неодговорни“, пишува „Б92“.
Засега нема ваква потврда од министерството за внатрешни работи (МВР) на Македонија, туку информацијата ја објави само српскиот портал.
Претходно се одржа протестен марш во Кочани, од каде што беше испратена порака до сите политичари и истата може да ја погледнете ТУКА.
Извор: Б92