Откако жителите на Зета пријавиле дека во реката Морача забележале тело на дете, на местото веднаш пристигнале нуркачите од Регионалниот нуркачки центар Бијела.
Телото на детето било пронајдено меѓу врбите над Вуковачкиот мост. Според потврдите од Регионалниот нуркачки центар, станува збор за момчето кое исчезнало заедно со својата мајка на 11 март.
Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по триесетгодишната мајка И.Ѓ.