
Српските медиуми известуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги посети македонските граѓани кои беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани и моментално се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Белград.
Вучиќ разговараше со пациентите, охрабрувајќи ги со зборови на поддршка и надеж. На еден од повредените, кој лежеше завиткан во завои, претседателот му рече: „Ќе биде добро, не грижете се. Лекарите се тука и прават сè што е во нивна моќ.“