
По наредба на премиерот Росен Желјазков, авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство замина за Република Македонија.
Авионот ќе превезе петмина тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани до болниците во Бугарија. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.
Повредените ќе бидат сместени во специјализираните одделенија за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна.