
На 14 март 2025 година, во 15:39 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање на улицата „Војдан Чернодрински“ во реонот на Бит Пазар. Според пријавата, непознато лице испукало куршум кон 16-годишен малолетник од Скопје, по што избегало од местото на настанот.
Малолетното лице се здобило со прострелна рана во раката и веднаш било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.
Надлежните служби извршиле увид на местото на инцидентот, при што биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.
Полициската истрага е во тек со цел да се утврди идентитетот на сторителот и да се расветлат сите околности поврзани со случајот.