
Во синоќешното издание на емисијата „24 анализа“ на телевизија 24 гостуваа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.
„Морам да истакнам дека пратеникот Бране се обиде да не дискредитира, но вистината е јасна – јас не припаѓам на ниту една партија. Не сум „нивни“ ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица или ДУИ. Синдикатите постојат за да ги штитат правата на работниците, а не за да бидат дел од партиски битки.
Жално е што наместо од собраниската говорница да се застапуваат интересите на работниците – за што, всушност, пратениците се избрани и платени – некои од нив ја користат својата функција за да трчаат во партиските штабови, од каде што држат прес-конференции насочени против ССМ и мене како претседател. Дали нападите врз ССМ и врз мојата личност ќе ги подобрат условите за работа? Дали со дискредитации ќе се покаже дека работниците живеат подобро?“, праша Трендафилов.
Видео: Телевизија 24