
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на својот официјален фејсбук профил соопшти дека е распишан Јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници, како и дополнителен оглас за 10 подофицери во редовите на македонската Армија.
„На пат кон касарната во Кичево, каде што ќе извршиме увид во градежните активности за реконструкција на одредени објекти, сакам да ја споделам и една позитивна вест со сите граѓани“, објави Мисајловски.
Овие активности се дел од заложбите за унапредување на капацитетите на Армијата, како и за создавање подобри услови за нејзиниот персонал.