
Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст по долга борба со тешка болест. Убеден дека ќе ја победи, се бореше до последниот момент. Неговото лекување беше доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одеше на терапии.
Основачот и долгогодишен директор на „Гранд продукција“ создаде музичко натпреварување кое на многумина талентирани луѓе им овозможи да станат големи ѕвезди.
Една од нив е и Александра Пријовиќ, која денес е една од најголемите ѕвезди, благодарение токму на Саша и шансата што ја доби во „Ѕвездите на Гранд“. Малкумина знаат дека во моментот кога таа целосно се откажала, разочарана што испаднала од натпреварувањето, Поповиќ не ѝ дозволил да се откаже.
„Видете, она што Александра Пријовиќ го постигна, тоа е нешто навистина неверојатно. Тоа што таа го направи, ме потсетува на Лепа Брена и ‘Слатки грех’ во 1983 година, кога тие исто така доживеаја огромен успех и правевме неверојатни концерти. Истото сега се случи и со Александра“, изјавил Саша за српските медиуми.
Тој открил дека ја запознал кога имала само 15 години.
„Александра за првпат дојде на аудиција во 2011 година во Суботица. Бидејќи имаше 15 години, јас ја кастирав. Тоа беше во периодот кога имаше 40-50 натпреварувачи во целост, таа помина неколку емисии, неколку круга, мислам дека стигна до 4-5 емисии. Тогаш немаше жири што одлучуваше, туку само даваше коментари, и секоја сабота имаше различно жири. Во еден момент, исклучиво гледачите гласаа и таа испадна. Таа беше многу разочарана“, објаснувал Поповиќ.
Познатата Прија не сакаше ни да слушне за враќање во шоуто, мислеше дека публиката не ја поддржува.
„Следната година јас избрав 18 девојки и ми требаа уште две. Потоа земав ‘бараж’ од претходната година – оние кои добија најмногу гласови. Така, ја повикавме Александра, која беше во Бели Манастир, но таа одби да учествува велејќи: ‘Испаднав, едноставно народот не гласаше за мене.’ Тогаш јас ја зедов слушалката и ѝ реков: ‘Слушај, Александра, ова ти е последна шанса. Дојди, па што биде – биде. Ако поминеш, поминеш.’ Таа година поминаа и Александра Пријовиќ и Андреана Чекиќ, а во сезоната 2012-2013 таа блесна и беше фантастична“, завршил Поповиќ.