Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија фросина кулакова црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Срамота е на плата од 120.000 денари да се жалиш дека си зијан“, реагира поранешна македонска пратеничка

Gladiator 19/02/2025

Поранешната пратеничка во македонското Собрание, Весна Дамчевска Илиевска реагираше на изјавата на актуелниот пратеник Петар Ристески, кој во гостувањето во емисијата „Здраво Македонијо“ кажа дека не злоупотребил ниту еден денар.

Многумина го напаѓаа дека е рекордер и дека земал 14.300 евра во 2024 година, по што Ристески посочи дека доаѓа од Прилеп и затоа патните трошоци се повисоки.

„Доаѓам од Прилеп, град кој е најмногу оддалечен од Скопје. Трошам околу 3.000 денари при едно патување до Скопје, а Собранието ми исплаќа околу 4.500 во зависност колку е нафтата. Нема да бегам, ниту да се правдам, затоа што немам злоупотребено ниту еден денар. Возам автомобил кој го купив 35.000 евра, а сега не можам да го продадам ниту за 15.000“, кажа Ристески.

Дамчевска Илиевска објави статус на нејзиниот профил на Фејсбук како реакција на изјавата на Ристески.

„Незгодно е, од туѓиот срам.

Да не верува човек што слуша и гледа. Колеги, пратеници, поранешни, сегашни, идни, луѓе златни, како е можно некој од таа позиција да говори дека е во зијан со трошоците за патарини!?

Од Прилеп до Скопје дневен трошок исплатен на пратеник во вредност од 4500 денари, било малку, па биле во зијан!? Па со тие пари со авион до Виена ќе одиш и ќе се вратиш со Vizzair!

На плата од 120000 денари, да се жалиш дека си во зијан со патарина од 4500 денари е потценување на интелигенцијата на народот.

Да се биде пратеник треба да е чест и посебна одговорност. Тоа не треба да е ќар, печалба!

Таму треба да се најдобри од најдобрите во се’!

Како пратеници од Скопје не сме земале патарини, а платите ни беа 60 000 денари и никој не се пожали. Напротив, сами сме си обезбедувале превоз и до работа и низ цела ИЕ која многу често ја поминувавме на средби со граѓаните. Имавме канцеларии каде секој граѓанин од нашата ИЕ можеше да се сретне со нас секој петок. Разни предлози и иницијативи од таа канцеларија произлегоа и се решаваа. Сега немам со очи видено пратеник на терен, само на ФБ слики од приредби во сенката на Градоначалниците. Нема канцеларија на пратеник, се укина, како можна “закана” по позицијата на локалниот вожд.

Не се сите без осет, има и со високи вредности и компетенции, кои, барем не се топорат да се правдаат и да бранат нешто што не се брани.

Што направивте бре луѓе?“, објави таа.

Tags: весна дамчевска илиевска петар ристески

Continue Reading

Previous: Донација од милион евра: Македонска компанија ќе подели прочистувачи на воздух за градинки, училишта, болници…
Next: Голем пожар во Скопје – гори стан во Кисела Вода (Видео)

Слична содржина

„Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски

„Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски

24/07/2025
Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана

Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана

24/07/2025
Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца

Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца

24/07/2025

Најново

  • „Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски
  • Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана
  • Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца
  • Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за купување електронски уред
  • Европската земја со највисок стандард бара работници – плати над 6.000 евра

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски

„Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски

24/07/2025
Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана

Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана

24/07/2025
Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца

Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца

24/07/2025
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за купување електронски уред

Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за купување електронски уред

24/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Владата никогаш нема да дозволи да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата“, вели Димитриевски
  • Среќен крај на потрагата: Пронајдена е 34-годишната Биљана
  • Доктор ослободен од обвиненијата за измама: Наместо ковид-вакцини, давал физиолошки раствор за деца
  • Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за купување електронски уред
  • Европската земја со највисок стандард бара работници – плати над 6.000 евра

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.