
Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за емисијата „Детектор“, покажува дека 35,2% од граѓаните, односно секој трет жител на Македонија, размислува за иселување од земјата.
Според резултатите од истражувањето, најголем интерес за заминување има меѓу лицата на возраст од 30 до 50 години со високо образование. Во оваа категорија, речиси секој втор испитаник изразил желба да ја гради својата иднина надвор од Македонија.
Главните причини што ги наведуваат граѓаните за напуштање на државата се ниските плати (15,9%), подобри можности за децата, подобро здравство, подобро образование и подобра инфраструктура.
