
Сите 18 хируршки сали на Универзитетската клиника за хируршки болести, како и операционите сали на Клиниките за Оториноларингологија, Офталмологија и Максилофацијална хирургија, од денеска функционираат со новата компресорска станица во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека по десетдневниот тестен период, трите нови компресори се успешно интегрирани во системот и работат според највисоките медицински и технички стандарди.
Покрај новата опрема, во функција останува и стариот компресор, со што се обезбедува дополнителна сигурност и континуирана работа на хируршките сали.