Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано остварија важна победа против Сасари во рамките на италијанскиот шампионат, славејќи со резултат 72:78.
Димитријевиќ, беше главен играч на теренот, блиску до дабл-дабл, со постигнати 15 поени и девет скокови за само 24 минути поминати на теренот.
Олимпија Милано на социјалните мрежи по мечот сподели видео со неверојатните потези на Димитријевиќ и го опиша со зборовите: класа и елеганција.