Во Хрватска, денеска е организиран масовен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи како реакција на континуираното поскапување на основните производи и услуги.
Меѓу поддржувачите се вклучени здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политички партии, како и самиот министер за економија, кој ја истакна важноста на јавното изразување на незадоволство во демократско општество.
„На 24 јануари, во знак на протест против високите цени на храната и животните трошоци, граѓаните на Република Хрватска се повикуваат на бојкот“, стоеше во пораката која брзо се прошири на социјалните мрежи.
U Hrvatskoj je danas protest protiv prevelike i ničim opravdane skupoće bojkotom dućana. pic.twitter.com/nwqFClBtJD
— Vesna Rajnović 🌿 (@RajnovicVesna) January 24, 2025