
Реномираниот интернет-портал „Хендбал Планет“ го објави своето предвидување за Светското првенство во ракомет во 2025 година.
Според проценките на порталот, главни фаворити за освојување на медалите се репрезентациите на Данска, Франција и Германија.
Македонската ракометна репрезентација, која ќе учествува во главната фаза на натпреварувањето, според прогнозите се очекува да заврши на 22. место. Овој резултат би бил значително подобрување во однос на претходното Светско првенство, кога Македонија го освои 27. место.