
Синоќа во скопската населба Карпош 4, група млади лица извршила вандалски чин, палејќи и уништувајќи контејнери за отпад.
Ова недолично однесување, кое предизвика вознемиреност кај локалните жители, било забележано и снимено од страна на случајни минувачи, објавија од Општина Карпош.
Видео материјалот и сведоштвата од очевидците веднаш биле доставени до надлежните органи, а инцидентот е пријавен во полициската станица во Карпош.