
По објавата за одбележување на 30-годишниот јубилеј со голем концерт во арената „Борис Трајковски“, легендарното трио повторно успеа да ги изненади и развесели своите обожаватели со нешто старо, но во ново издание.
Имено, тие претставија нова песна со наслов „Новогодишна поопштонародна“, која претставува современа преработка на нивниот култен хит „Новогодишна општонародна“.
Со оваа креативна интерпретација, Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров им ја честитаа Новата 2025 година на своите фанови, задржувајќи го својот уникатен хумористичен и сатиричен стил.