
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ продолжува да ги поместува границите со уште една извонредна трка, поставувајќи нов национален рекорд.
На само 17 години, Ѓуретановиќ стана првиот пливач од Македонија кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50-метарски базен со време под четири минути. Овој историски успех го оствари на меѓународниот натпревар во Ниш, каде што забележа неверојатно време од 3:57.75.
Со овој резултат, Ѓуретановиќ го сруши претходниот македонски рекорд кој го држеше Марко Блажевски, чиј најдобар резултат изнесуваше 4:00.53.