
Вчера, во 09:15 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата меѓу улиците „Македонско-Косовска бригада“ и „Св. Прохор Пчински“ во Скопје.
Според пријавата, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Б.К. од Скопје, удрило во 45-годишната З.П., исто така од Скопје, а потоа возачот го напуштил местото на несреќата.
По брзо преземените мерки од страна на полицијата, возачот Б.К. бил идентификуван и пронајден.
Во несреќата, пешакот З.П. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ била пружена медицинска помош.