Фото: ChatGPT
Трагичен случај ја вознемири јавноста во Тетово, откако 37-годишен маж бил донесен без знаци на живот во Клиничката болница во градот.
Станува збор за Ф.С. (37) од Тетово, чиј случај бил пријавен во СВР Тетово на 8 ноември, во 16:35 часот, од страна на болницата.
Лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
По пријавувањето на случајот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините за смртта.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта, пренесува newz24live.com.
