Фото: Принтскрин
Поранешниот министер за правда, Игор Филков кажа дека правосудниот испит во Македонија, според актуелните закони, може да се полага само на македонски јазик.
„Не постои можност за полагање на друг јазик според Устав и закони на Република Македонија во моментов. Да почекаме да се најде решение, да го видиме, па потоа може да разговараме“, кажа Филков.
Претходно студентите Албанци протестираа и бараа да се полага правосудниот испит и на албански јазик.
