Фото: Принтскрин
Во Богданци беа пронајдени две безживотни тела, едно во опожарено возило и едно надвор од него, по што се јави со соопштение и Основното јавно обвинителство (ОЈО).
ОЈО соопшти дека првичните индиции за случајот упатуваат на убиство и самоубиство, но тоа треба да го покаже истрагата.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, соопшти ОЈО.
