Фото: МВР
Два случаи на семејно насилство биле пријавени во Кочани и Берово, а во едниот од нив полицијата привела 67-годишен маж по пријава од неговата сопруга дека ѝ упатувал закани.
„На 03.11.2026 во 18:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека околу 15:00 часот во семејниот дом и упатил закани.
На 03.11.2026 во 15:30 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од Берово пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д“, се вели во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
