Зоолошката градина во Каиро се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од животни кои посетителите ги препознаа како сомнителни „зебри“.
Од зоолошката градина ги отфрлаат тврдењата дека станува збор за магариња обоени со црни линии со цел да бидат претставени како зебри. Сепак, фотографиите предизвикаа бројни реакции, особено поради изгледот на животните.
На снимките и фотографиите се забележуваат уши кои повеќе потсетуваат на магариња, неправилно распоредени црни пруги и темни дамки околу лицето. Токму овие детали ги поттикнаа сомнежите и отворија дискусија меѓу посетителите и корисниците на интернет за тоа што навистина било прикажано во зоолошката градина.
Веста ја пренесува Infomax.mk


