Фото: Принтскрин
Турција од Русија купи два системи С-400 Триумф и околу 120 ракети во рамки на програмата за противвоздушна одбрана со долг домет.
Сега земјата се обидува да се ослободи од системите С-400 кои ги купи од Русија затоа што тоа е еден од условите на Вашингтон да ѝ овозможи на Анкара да купи борбени авиони Ф-35.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кажа дека Москва ќе ја разгледа опцијата за префрлање на системите во друга земја, но доколку добие гаранција дека истите нема да завршат во Украина.
