Необична глетка привлече внимание во скопската населба Козле, каде доставувач на „Волт“ решил да покаже малку поинаков начин на возење.
На видеоснимка направена во една од уличките во населбата се гледа доставувачот како управува со моторот потпирајќи се само на задното тркало.
Сцената траела кратко, но била доволно необична за да го привлече вниманието на случајните минувачи и оние што ја снимиле.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
