Фото: Принтскрин
По три недели борба, 13-годишното момче повредено со нож во Чаир го загуби животот, објави „Тетово1“.
Момчето заврши во болница по тепачката на 31 август околу 22 часот на „Македонско-косовска бригада“.
Во тепачката учествувале пет лица, односно четири малолетници и едно полнолетно лице, кое заврши во притвор.
Починатото момче беше примено во критична состојба со убодна рана во срцето, како што кажа министерот за здравство Сашо Клекковски.
