Протестите продолжија и во доцните ноќни часови, при што демонстрантите повторно се насочија кон објектите на Владата во Приштина.
Претходно, во текот на протестот, припадници на ЕУЛЕКС биле цел на напад со пиротехнички средства. И покрај доцниот час, незадоволството меѓу демонстрантите не стивнало, па групата повторно се упатила кон централните институции.
Ситуацијата останала напната и по полноќ, додека присутните продолжиле со протестните активности и изразување на незадоволството.
Деталите за инцидентите и евентуалните последици од случувањата допрва се очекуваат.
Веста ја пренесува Voxkosova_
