Фото: Принтскрин
Голем број Албанци се собраа пред Специјалниот суд во Хаг за да им дадат поддршка на Хашим Тачи и уште тројца лидери на ОВК по изрекувањето на пресудите.
Собраните демонстранти со камења, дрва и знамиња ги гаѓаа припадниците на специјалната полиција на Холандија, по што пристигна одговор.
По интервенцијата на полицијата и апсење на голем број учесници во протестот, останатите заминаа, но веќе се најавуваат протести и во Приштина и на други места.
Албанците кои учествуваа во собирот на поддршка и протести против пресудите на лидерите на ОВК дивееја и во Приштина.
