Невообичаена сцена денеска го привлече вниманието на граѓаните и возачите на Славија во Србија, каде што целосно гол маж предизвикал вистински хаос во сообраќајот.
Според достапните информации, мажот најпрво влегол во фонтаната на кружниот тек и почнал да се капе. Потоа излегол на коловозот, трчал меѓу автомобилите и се обидувал да запира возила.
Целиот настан предизвикал големо внимание кај присутните, а дел од минувачите и возачите го снимале инцидентот со своите мобилни телефони.
Мажот на крајот бил приведен од надлежните служби.
Веста ја пренесува Uticaj.tv
