Снимка која се шири на социјалните мрежи предизвика бројни реакции по тврдењата дека креатор на содржина бил нападнат од змија додека снимал во живо.
Според информации што кружат онлајн, змијата наводно го каснала во пределот на главата за време на снимањето, по што тој починал.
Случајот повторно ја отвори дискусијата за ризиците од приближување до диви животни заради атрактивна содржина. Иако ваквите снимки можат да привлечат големо внимание, непредвидливото однесување на дивите животни може да доведе до сериозни последици.
Видеото предизвика поделени реакции, а многумина апелираат луѓето да не ги допираат, провоцираат или вознемируваат дивите животни само за да создадат вирална содржина.
Веста ја пренесува Horizonaffairs.
