Фото: ЈП за државни патишта
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) соопшти дека санацијата на мостот на Маркова Река завршил пред предвидениот рок.
„Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција.
Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106, Јавното претпријатие за државни патишта започна со негова санација.
Градежните активности се одвиваа забрзано и со темпо кое е прилагодено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот“, соопштија од претпријатието.
