Фото: Принтскрин
Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) ја објави прогнозата за следните три денови.
Прогноза за 03.09.2026: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Прогноза за 04.09.2026: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 05.09.2026: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

